Здружение на класични филолози
АНТИКА

  • Кои сме
  • Кои ни се целите
  • Што работиме
    (наши проекти, програми, истражувања и публикации)
  • Планови за иднина
  • Наши соработници и донатори
  • Каде можете да не најдете

  • Кои сме

    Здружението на класични филолози "Антика" е основано во мај 2001 година. Тоа е здружение на професионалци, студенти и волонтери кои се занимаваат со истражувања, унапредување на образованието и наставата по класичните јазици и литература, преведување на дела од класичните автори, негување на античкото наследство во Република Македонија и популаризација на класичната филологија. Членовите на здружението се класични филолози (факултетски и средношколски професори, преведувачи), историчари, археолози, историчари на уметноста, философи и сите љубители на Антиката.

    Здружението на класични филолози на Македонија "Антика" неодамна стана член на Европската асоцијација за класични јазици и цивилизации ЕУРОКЛАСИКА, која всушност претставува федерација на национални здруженија на класични филолози од европските земји. Оваа асоцијација има за цел да го унапредува статусот и квалитетот на наставата по класичните јазици во образовните системи на земјите членки преку размена на искуства, заеднички проекти, конференции, работилници и други активности. Приемот во полноправно членство се случи на 17. април оваа година на Генералното собрание на Еурокласика, во рамките на Годишната конференција која се одржа во Џенова, Италија од 16. до 18. април. На оваа конференција присуствуваше и претставник на "Антика" , кој ја претстави програмата, целите и активностите на македонското здружение.
    Со зачленувањето во Еурокласика, нашето здружение делегираше свој претставник во Генералното собрание со право на глас при донесувањето на одлуките во ова највисоко раководно тело на европската асоцијација. Од сега, "Антика" ќе биде вклучена во повеќе проекти кои се одвиваат на европско ниво и ќе добие можност за промоција на нашите национални стручни и научни достигнувања во областа на класичните јазици и книжевност.

    Во здружението се основани повеќе тимови, и тоа:
  • тим на истражувачи;
  • тим на преведувачи;
  • тим на обучувачи;
  • тим за соработка со други организации и медиуми.
  • Кои ни се целите

  • Унапредување и осовременување на наставата по класичните јазици во сите сегменти на образованието, нејзино вклопување во европските стандарди;
  • Афирмација и популаризација на научните и стручните достигнувања од областа на класичната филологија;
  • Поттикнување и поддршка на проекти иницирани од или наменети за младите истражувачи и преведувачи;
  • Етаблирање соодветни стандарди при вреднување на научни и стручни трудови и преводи од класичната филологија;
  • Подготвување стратегија за превод на најзначајните и најпотребните дела од класичните автори на македонски јазик;
  • Соработка со меѓународни организации на класични филолози и други сродни асоцијации.
  • Што работиме

    Организираме и спроведуваме:
  • Регионални и државни натпревари по класичните јазици за учениците од средното образование;
  • Консултативни средби со наставниците за современите методи на наставата по класичните јазици;
  • Консултативно/супервизиска помош на стручни лица и организации чија дејност е интердисциплинарно поврзана со класичната филологија;
  • Планирање, водење, следење и евалуација на проекти од областа на сите научни дисциплини чиј предмет на интерес е Антиката;
  • Издавачка дејност - публикување стручни и популарни изданија (преводи на класични автори, монографии, учебници, речници, списанија за популаризација на класичната филогија).
  • Наши проекти, програми, истражувања и публикации

  • Брошура Зошто да избереш латински и/или старогрчки јазик, Антика, Скопје, 2002;
  • Електронско списание Systasis, во подготовка;
  • Програма "Стандарди и приоритети во преведувачката дејност од класичните јазици", Антика 2002;
  • Учество во изработката на курукулуми по класични јазици за средното образование во РМ, 2001-2002;
  • Проект "Евалуација на наставата по класичните јазици во РМ", во тек;
  • Планови за иднина

  • Да продолжиме стручно да ги помагаме наставниците по класичните јазици за поквалитетно изведување на наставата;
  • Да даваме стручни консултации на сите заинтересирани институции и поединци;
  • Да подготвиме национална стратегија за востановување и заштита на античките материјални и духовни вредности во РМ;
  • Да продолжиме со изработка на квалитетни програми за едукација на младите со класичните јазици и вредностите на античката цивилизација;
  • Да учествуваме во реформата на високото образование и воведувањето на кредит трансфер системот;
  • Да објавуваме вредни стручни книги, списанија и преводи од областа на класичната филологија и сродните дисциплини.
  • Наши соработници и донатори

    Во реализацијата на досегашните активности Здружението соработува со Бирото за развој на образованието, основните и средните училишта во РМ. Финансиска поддршка досега е добиена од Министерството за финансии на РМ, Министерството за култура на РМ и Институтот Отворено општество Македонија.

    Каде можете да не најдете

    Сакате да соработувате со нас? Имате потреба од стручни консултации? Љубител сте на Антиката и сакате да членувате во нашето Здружение?

    Побарајте не!

    Здружение на класични филолози "Антика"
    Бул. "Крсте Мисирков" бб
    П.Ф. 540
    1000 Скопје
    Република Македонија
    Тел. 02 116 520 (локал 113)
    Факс 02 116 282

    E-mail: antika@systasis.org.mk