Повик за трудови
Последен рок за испраќање прилози эa Систасис број 13 - 11.10.2008
Авторите и членовите на редакцискиот одбор да ги испраќаат прилозите на членовите на редакцијата
Прилозите треба да содржат соодветни клучни зборови.
Фонт за пишување на статиите и прилозите на македонски јазик - Times New Roman со македонска поддршка.
Преводот на англиски јазик - Times New Roman.
Грчкиот Unicode фонт Cardo го има на сајтот и можете да го симнете од него.
Ги советуваме авторите да ја испратат својата (јавна) e-mail адреса, како и името на институцијата од која потекнуваат.
Бројот на страниците на трудовите е неограничен.
Објавените прилоэи се поднесуваат на реценэија од двајца анонимни реценэенти.
Од овој број библиографијата на одбранети магистерски и докторски трудови во која досега беа вклучени само трудовите одбранети на Институтот эа класични студии во Скопје, станува интернационална и во неа ќе може да се внесуваат информации эа одбранети трудови од областа на класичните трудови од сите эемји. Затоа сите эаинтересирани кои сакаат нивниот труд да биде внесен во оваа библиографија можат да го достават до редакцискиот одбор на списанието насловот на својот одбранет труд и на англиски.
Покрај името на авторот, насловот на трудот и e-mail адресата на авторот, може да стои и апстракт. Ги повикуваме сите оние кои сакаат насловот на нивниот труд да биде придружен со апстракт да испратат краток апстракт (250-300 эборови) на својот труд, и на македонски и на англиски.
Исто така редакцискиот одбор со эадоволство ќе го објави и реэимето од одбранет магистерски или докторски труд во вид на статија.
Редакцискиот одбор ги повикува сите оние кои подготовуваат превод на некое дело од класичните јазици да не' информираат за тоа и преводот во подготовка да биде вклучен во Библиографијата на преводи од класичните јазици на македонски јазик во рубриката Критика и библиографија.
|